Нашиот интернационалец, Перо Антиќ во свој стил отворено и оригинално сподели какви биле неговите почетоци, а за во иднина вели ќе го послуша советот на неговиот татко.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Антиќ во интервју за српскиот медиум sportske.net вели дека изминатава календарска година ќе ја памети по финалето во Евролигата со Фенербахче, но и кам бекот во Црвена Звезда по вторпат во неговата кариера. За Звезда вели дека му е мило што се вратил, а и дека неговиот тим е млад и ветува успех.
Интересно е што на едно сосем обично прашање, Антиќ се наврати на своите почетоци, вели: Не почнавме сите со чартери, туку со автобусите на ЈСП, а знам како беше во Звезда претходниот пат. Ќе се навикнеш, знаеш од каде доаѓаш и со хемијата која ја има овој тим забораваш на тие работи. Инаку Звезда од првиот пат е различна, по што се разликува? – По маркетингот и резултатите.
Перо Антиќ инаку во својата кариера се соочува првпат да има тренер кој е четири години помлад од него, па оттаму на прашањето како гледа на тоа вели дека тоа е најмалку важно, тренерот е тренер и тоа секогаш ќе биде така. За човекот кој ја предводи Звезда, Антиќ вели дека има познавање, но потребна му е трпеливост, со оглед на тоа дека првпат предводи тим во Евролигата, но донесе и резултати кои не беа очекувани.
Интересен е фактот што Перо Антиќ е еден од ретките кошаркари кои наидуваат на респект од сите поранешни екипи. Тоа се должи вели Перо на неговото врзување за екипата и пружањето на максимум секогаш на теренот, вели живее за тимот за кој игра во моментот и тоа екипите не го забораваат и го респектираат максимално.
Тамошниот медиум за крај го запраша и дали ова е негова последна сезона, на што Антиќ одговори: Да почекаме. Ќе играм кошарка додека уживам. Тоа ми го кажа татко ми кога почнував. Играј додека се смееш и уживаш.