Дома Останати Кошарка Антиќ и Звезда запишаа уште една победа во АБА лигата

Антиќ и Звезда запишаа уште една победа во АБА лигата

Црвена Звезда, прашањето за победникот во вечерашниот меч го реши веќе по првите десет минути, кога гостите имаа водство од 35:18.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Цибона се обиде да ја намали предноста на тимот од Белград, но на полувреме се замина со резултат 57:42 за гостинскиот состав.

Во второто полувреме, Звезда искусно ја чуваше својата предност. Гостите имаа 15 поени разлика, но Цибона успеа во последните минути да дојде на едноцифрено заостанување, бидејќи црвено-белите се опуштија во финишот на мечот. Сепак, Звезда на крајот славеше со 93:87.

Најефикасен на вечерашниот меч за Звезда беше Фелдеин со постигнати 23 поени, додека на спротивната страна се издвои Жориќ со 20 постигнати поени. Нашиот Перо Антиќ го заврши мечот со 6 поени зад своето име.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Хаос во Њујорк по освоената титула – навивачите го демолираа градот (Видео)

Титулата по 54 години предизвика огромна еуфорија меѓу навивачите на Њујорк Никс, но славј…