Дома Фудбал Останато Анри не може да смета на 16 играчи: Ќе видам дали можам јас да се регистрирам

Анри не може да смета на 16 играчи: Ќе видам дали можам јас да се регистрирам

Tимот на Монако поминува низ една од најголемите кризи во својата историја и вчера се забележа дека се далеку од Пари Сен Жермен.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


„Светците“ славеа победа со 4:0, а можеа да примат и уште некој погодок. Монако оваа сезона има само една победа во сите натпреварувања и таа беше забележана уште во август.

На клупата на Монако неодамна седна легендарниот Тиери Анри кој од денес не може да смета на дури 16 играчи.

„Ќе видам дали можам јас да се регистрирам…Шегата на страна, ќе видиме што можеме да направиме. Следи пауза, оние кои не се повредени ќе играат во своите репрезентации, ќе работам со оние кои ќе останат. Ќе продолжам да се борам“, изјави Анри.

Монако во овој момент се наоѓа на претпоследната позиција и пред нив изгледа е тешка борба за опстанок во лигата, па репрезентативната пауза која следи и тоа како добро ќе им дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Reакцијата на Инфантино по голот на Египет може да биде предмет на нов скандал на Мундијалот

Натпреварот меѓу Аргентина и Египет на Светското првенство донесе вистинска фудбалска драм…