Дома Фудбал Анри и Компани главни кандидати за селектор на Белгија

Анри и Компани главни кандидати за селектор на Белгија

Тиери Анри, Винсент Компани и Филип Клеман се тројцата претенденти за селекторското место во белгиската репрезентација, после заминувањето на Роберто Мартинес.

Мартинес го објави заминувањето од кормилото на Белгија по вчерашната елиминацуја на „ѓаволите“ во групната фаза од Мундијалот.

Анри беше дел од тренерскиот тим на Мартинес, додека Компани е бивш капитен на репрезентацијата и актуелен тренер на Барнли. Меѓу кандидатите е и Филип Клеман, кој сега работи во Монако.

Мартинес седна на кормилото на Белгија во август 2016 година и под негово раководство репрезентацијата го освои третото место на Светското првенство во 2018 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Сандерленд е на дното, но нема паника: Ле Брис сè уште ја има довербата

Само четири бода од седум кола, повредени напаѓачи и тежок европски ритам. Сандерленд бара…