Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Анкета на „Би-Би-Си“: Мундијалот во Катар прогласен за најдобар во 21. век

Анкета на „Би-Би-Си“: Мундијалот во Катар прогласен за најдобар во 21. век

Во анкетата на британскиот „Би-Би-Си“ која гласеше кое Светско првенство е најдобро во 21. век дури 78% од гласовите доби неодамна завршениот Мундијал во Катар.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Аргентина во драматично финале на пенали ја победи Франција и токму финалето беше најдобриот натпревар на турнирот.

„Беше ова Светско првенство полно со изненадувања, а заврши и можеби со најголемото финале некогаш.

Мароко стигна до полуфиналето, Јапонија приреди големи изненадувања, а Саудиска Арабија на отварањето го победни идниот светски шампион“, стои во анкетата на „Би-Би-Си“.

Треба да се спомене дека британската национална телевизија го бојкотираше отварањето на Светското првенство и во неколку емисии предупредуваше на кршење на човечките права во таа земја.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Очајнички потег на Бенфика да го привлече Мурињо за Лисабон пред Реал Мадрид

Управата на Бенфика е решена да го задржи својот главен тренер Жозе Мурињо, додека расте и…