Дома Фудбал Останато Анже подобар од Бордо за трет полуфиналист во Купот на Франција

Анже подобар од Бордо за трет полуфиналист во Купот на Франција

Анже е третата екипа која обезбеди пласман во полуфиналето на фудбалскиот Куп на Франција.

Анже вчера попладне ја доби четвртфиналната пресметка против Бордо со 2:1.

Домаќините поведоа во 8.минута со голот на Кевин Берлиго, додека гостите израмнија десет минути подоцна преку Јунусе Санхаре.

Решавачкиот гол на натпревраот го постигна Сенегалецот, Чеик Н’Доје во 67.минута за победа на Анже и пласман меѓу четирите најдобри.

Претходно, пласман во полуфиналето обезбедија Генгамп со победата над Фрежу Сен Рафаел со 1:0, како и Монако кој со 2:1 го совлада Лил.

Кој ќе биде последниот полуфиналист ќе дознаеме вечерва по мечот меѓу актуелниот бранител на трофејот во ова натпреварување ПСЖ и екипата на Авранш која настапува во третата по квалитет француска лига.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Анри јасен: Мбапе ја заслужува Златната топка, индивидуално беше најдобар

Легендарниот француски фудбалер Тиери Анри смета дека Килијан Мбапе заслужува да ја освои …