Дома Фудбал Европско првенство во фудбал ЕУРО Англија преку пенали до полуфинале! 🎥

Англија преку пенали до полуфинале! 🎥

По пенал серијата Англија ја елиминираше Швајцарија и обезбеди место во полуфиналето на Европското првенство.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во еден натпревар каков што досега навикнавме да гледаме од Англија на ова првенство, без многу прилики на двете страни, Швајцарија прва стигна до водство во 75. минута кога Емболо се најде на вистинското место по асистенцијата на Ндоје.

По овој примен гол, Саутгејт веднаш реагираше со измени од клупата и во игра влегоа Шо, Езе и Палмер. Предноста на Швајцарците траеше само пет минути бидејќи фудбалерот на Арсенал Букајо Сака го совлада Зомер за 1:1.

До крајот на реагуларните 90 минути не видовме ниту една посериозна прилика, па одново гледавме продолженија.

Ништо не се случуваше и во продолженијата, двете селекции не сакаа да ризикуваат и во таква ситуација победникот го решаваа пеналите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Европско првенство во фудбал ЕУРО

Проверете

Милан Ристовски ќе игра за нов клуб

Македонскиот репрезентативец Милан Ристовски и официјално се раздели со чешкиот прволигаш …