Дома Фудбал Англија Англичаните најавуваат: Ливерпул на едно поле веќе го победи Сити!

Англичаните најавуваат: Ливерпул на едно поле веќе го победи Сити!

van dijk

Aнгличаните најавуваат такво сценарио.

Вечерва во дербито на Манчестер би можела да падне одлуката за титулата во Премиер лигата. Сити со победа би направил голем чекор кон одбрана на трофејот, додека реми или пораз би му го отвориле патот на Ливерпул кон шампионска титула во Англија на која чека 29 години.


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ќе видиме како ќе заврши дербито на „Олд Трафорд“, а додека се чека натпреварот на градските ривали, англиските медиуми пренесуваат дека Ливерпул на едно поле веќе ги победил „граѓаните“.

Имено, асоцијацијата на професионални фудбалери (ПФА) утре ќе ја додели наградата за најдобар играч во Премиер лигата, а тоа се најавува дека ќе биде стоперот на Ливерпул, Вирџил Ван Дијк.

Холанѓанецот зад себе има фантастична сезона и навистина го донесе квалитетот за тимот на Ливерпул кој им беше потребен. Според многумина Ван Дијк и беше најголем фаворит.

Оние што не навиваа за Ван Дијк сметаа дека наградата треба да ја освои Стерлинг кој исто така игра одлична сезона.

Стерлинг постигна 17 голови во Премиер лигата и запиша 11 асистенции, во тој учинок додаде пет гола и три асистенции во ЛШ, како гол и две асистенции во ФА и Лига Купот. Во сите натпреварувања има 23 гола и 16 асистенции.

Сепак изгледа Ван Дијк добил поголема поддршка.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Парехо: И мене ме нарекуваа пијаница, па не се расправав со навивачите како Винисиус

Фудбалерот на Виљареал, Даниел Парехо, го критикуваше однесувањето на Винисиус, кој не мож…