Според пишувањето на англиски „Мирор“, фудбалерот на Фулам, Александар Митровиќ се наоѓа на мета на Челзи
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Србинот наводно ја импресионирал управата на лондонскиот клуб и го привлекол вниманието на стратегот на „сините“, Маурицио Сари кој не е посебно задоволен од настапите на Алваро Мората.
Митровиќ одлично ја стартуваше новата сезона постигнувајќи шест погодоци на шест натпревари, вклучувајќи ги и два гола за Србија во рамките од Лигата на Нации.
Англискиот медиум пишува дека за Митровиќ интерес покажале и некои италијански клубови на кои засега имињата не се откриваат.
Фулам ова лето го откупи договорот на Митровиќ од Њукасл за сума од 22 милиони евра и тоа се покажа како полн погодок за овој клуб.
Српскиот напаѓач и минатата сезона беше дел од Фулам како позајмен играч и во таа сезона постигна 12 голови на 15 натпревари и така помогна на овој клуб да се избори за место во Премиер лигата.