Дома Топ вести Англиските медиуми: Манчестер Сити до вечер го претставува најскапото засилување во клупската историја!

Англиските медиуми: Манчестер Сити до вечер го претставува најскапото засилување во клупската историја!

Како што пишуваат англиските медиуми Манчестер Сити во наредните неколку часа би требало да ја активира клазулата за играчот на Атлетико Мадрид, Родри!

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


23 годишниот Шпанец минатото лето пристигна од Виљареал во Атлетико Мадрид за сума од 25 милиони евра, но поради неговите одлични настапи цената му порасна на 80 милиони евра.

Сепак, во неговиот договор има откупна клазула од 70 милиони евра и Пеп Гвардиола сака брзо да ја заврши работата околу неговото доведување.

Англиските медиуми пренесуваат дека зделката ви требало да биде потврдена веќе денес откако играчот се согласил да го напушти Мадрид и да премине на „Етихад“.

Доколку ваквите најави се остварат Родри ќе стане најскапото засилување во историјата на Манчестер Сити. Сегашниот рекорд го држи Ријад Марез од минатото лето со 68 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Херојот од Палермо се повлече од репрезентацијата: Мојот труд не се вреднува доволно!

Aлександар Трајковски преку социјалните соопшти дека во иднина нема да настапува за Македо…