За прв пат после 2012 година англиските клубови од Премиер лигата потрошија помалку од 100 милиони фунти во зимскиот преоден рок.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тоа секако е поради финансиските загуби кои го имаат клубовите поради пандемијата од Ковид 19.
Манчестер Јунајтед го донесе младиот талент од Аталанта, Амад Диало за 19 милиони фунти. Астон Вила потроши 16 милиони фунти за играчот на Марсеј, Морган Сансон.
Најскапиот трансфер во зимскиот преоден рок е дело на Вест Хем, кој плати 20 милиони фунти за потписот на Саид Бенрама.
И во летниот преоден рок, кој заврши на почетокот на октомври, англиските клубови потрошија скоро 200 милиони евра помалку во споредба со минатата година.