Дома Трансфер зона Англиските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Лацио!

Англиските гиганти се „тепаат“ за ѕвездата на Лацио!

Англиските медиуми тврдат дека Манчестер Јунајтед, Челзи и Ливерпул се сериозно заинтересирани за играчот на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Англиските гиганти веќе подолго време ги следат игрите на српскиот интернационалец и сакаат следното лето да го доведат во своите редови.

Милинковиќ-Савиќ игра сезона од соништата за Лацио, па иако има само 22 година веќе се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Серија А.

За него интерес покажуваат и италијанските гиганти, Јувентус и Милан, но претседателот на Лацио преферира да го продаде во Премиер лигата.

Неговата цена моментално изнесува околу 30 милиони евра, сума која нема да биде проблем за англиските клубови, па останува да видиме кој од споменатите премиерлигаши ќе победи во битката за неговиот потпис.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…