Дома Трансфер зона Англиските гиганти го сакаат капитенот на Лајпциг

Англиските гиганти го сакаат капитенот на Лајпциг

Капитенот на Лајпциг, Марсел Сабитцер е спремен да ја промени средината на лето и да направи чекор напред во кариерата.

Сабитцер игра уште една одлична сезона, па го привлече вниманието на многу европски гиганти, пред се од Премиер лигата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Билд“ тврди дека Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Тотенхем подолго го следат 27-годишниот играч за врска и сакаат да го донесат на лето.

Договорот на Сабитцер со Лајпциг истекува во 2022 година, па германскиот клуб ќе се обиде да го продаде ова лето за да заработи на неговото заминување.

Сабитцер оваа сезона на 31 меч за Лајпциг постигна 7 гола и запиша 6 асистенции, а клубовите го сакаат бидејќи е поливалентен и може да игра на повеќе позиции.

Лајпциг за неговата слобода бара 40 милиони евра, но премиерлигашите се надеваат да ја намалат цената и да го доведат за 30 милиони евра.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Арсенал фаворит за потписот на Шешко

Арсенал сака да ангажира талентиран фудбалер во нападот, а изборот паднал на фантастичниот…