Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Игор Ангеловски, по враќањето во Скопје од ЕВРО 2020, уште еднаш потврди дека си заминува од националниот тим.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Договорот на Ангеловски беше продолжен под притисок на јавноста и тоа до крајот на ЕУРО, па селекторот откако го одработи потврди дека заминува.
„Со задоволство го одработив секој момент како селектор на фудбалската репрезентација. Но, дефинитивно заминувам.Причините за моето заминување се добро познати на јавноста. Среќен сум што го остваривме сонот на сите генерации. На македонската фудбалска репрезентација и посакувам се најдобро во иднина и да се радуваме на вакви големи настани, изјави Ангеловски.