Дома Останати Кошарка Американците „паднаа“ во Мелбурн! (ВИДЕО)

Американците „паднаа“ во Мелбурн! (ВИДЕО)

Репрезентацијата на САД утрово по наше време прикажа сериозни слабости.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Пред два дена Американцте со 16 разлика славеа против селекцијата на Австралија, а утрово овие две селекции го одиграа вториот пријателски натпревар.

Австралија овој пат успеа да слави на „Марвел“ стадионот во Мелбурн. Конечниот резултат во Мелбурн гласеше 98:94 во корист на домаќинот.

Натпреварот го следеа повеќе од 50.000 гледачи. До победи Австралијците ги предводеше одличниот Пети Милс кој уфрли 30 поени.

Богут исто така беше добар со 16 поени и девет скокови, додека Џо Инглес додае 15 поени.

Кај Американците колку толку расположени беа Кемба Вокер со 22 поени и Харисон Барнс со 20 поени.

Инаку, ова беше прва победа на Австралија над САД после 55 години.

До почетокот на Светското првенство првенство Американците ќе одиграат уште еден припремен, со репрезентацијата на Канада.

https://youtu.be/_5TbopZAHV0
Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Сцените од Белград покажуваат колку голем беше Един Авдиќ!

Спортската заедница во регионот ја затекна веста за трагичната загуба на добро познатиот к…