Дома Македонски спорт Мак ракомет Алушовски пред Елверум: Се надевам ќе се радуваме по несреќните порази

Алушовски пред Елверум: Се надевам ќе се радуваме по несреќните порази

Вардар е во лоша серија на порази, а во недела црвено-црните ги очекува дуелот против Елверум во Лигата на шампионите.

Натпреварот се игра со почеток од 16:00 часот и во тимот на Алушовски владее оптимизам за позитивен резултат.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


„Не чека пеколна недела. Ќе играме четири натпревари, два натпревари во Лигата на шампионите, еден во СЕХА и еден во домашниот куп. Одиме натпревар по натпревар, со Сегед одигравме два натпревари во кои бевме блиску до добар резултат, но на крајот не успеавме. Елверум не е наивен тим и не смееме да ги потцениме, анализиравме како играат во одбраната. Играат квалитетна одбрана, слична на скандинавската, со контакт и густа. Ние знаеме како да ги нападнеме, верувам дека ќе се радуваме по несреќните порази“, изјави Алушовски.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Фудбалски судија нападнат во ‘Ржаничино – полиција го изнесуваше од теренот! 🎥

Покрај битките за место во прва и втора лига, викендов се играа и важни натпревари од пони…