Дома Топ вести Алонсо во „пакет“ со Виртц доаѓа во Реал следното лето

Алонсо во „пакет“ со Виртц доаѓа во Реал следното лето

Младиот фудбалер на Баер Леверкузен Флоријан Виртц е голема желба на Реал Мадрид, пишуваат шпанските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Виртц може да игра во средниот ред, но и како крилен напаѓач и е еден од најбараните германски фудбалери.

Младиот плејмејкер има долгорочен договор во Леверкузен и ова лето е спремен да ги одбие сите понуди за да остане во германскиот клуб.

Реал Мадрид сака да ја победи големата конкуренција и уште од сега да постигне преддоговор со Германецот за следното лето.

Наводно „кралскиот“ клуб има договор со Чаби Алонсо да го преземе кормилото од 2025 година, а тој треба да дојде во „пакет“ со младата германска ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Адреналин, природа и предизвик: Пријави се за GOLAK TRAILS 2026

Голак повторно ќе биде домаќин на љубителите на планинското трчање – пристигнува GOLAK TRA…