Голманот на Рома, Алисон Бекер ова лето би можел да стане најскапиот голман на сите времиња, пренесуваат италијанските медиуми.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Калчомеркато“ тврди дека Рома е спремна да го пушти фантастичниот голман, но за неговата слобода бара неверојатни 100 милиони евра.
Најсилен интерес за Алисон покажува Ливерпул, но Јирген Клоп сигурно не е спремен да ја плати сумата која ја бара Рома.
Сепак, медиумите на Островот тврдат дека клубот од „Енфилд“ е спремен да плати 70 милиони евра за неговиот потпис, со што Алисон ќе стане најскапиот голман во историјата на фудбалот.
25-годишниот Бразилец е член на Рома од 2016 година, а пристигна од редовите на бразилскиот Интернационал.
За неговите услуги покрај Ливерпул заинтересирани се уште Реал Мадрид и Пари Сент Жермен.