Голманот на репрезентацијата на Бразил, Алисон го избра најдобриот тим на сите времиња.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Еден од најдобрите голмани на денешницата во тимот помеѓу останатите место најде за довчерашниот соиграч Франческо Тоти, а тука е уште еден поранешен играч на Рома, Кафу. Како што беше и очекувано, во неговиот тим доминираат бразилците, па така во врвот на нападот се Роналдо и Нејмар, бекови Кафу и Карлос, а на голот е Тафарел.
Интересно, во тимот нема место за најдобриот светски фудбалер и петкратниот добитник на Златната топка Кристијано Роналдо. Предност пред него во нападот добија Нејмар, Меси и Роналдо.
Тимот на Алисон:
Тафарел, Роберто Карлос, Фабио Канаваро, Паоло Малдини, Кафу, Андреа Пирло, Зинедин Зидан, Франческо Тоти, Лео Меси, Нејмар, Роналдо.