Дома Македонски спорт Мак фудбал Алиоски се сели на Островот – се договори со Лидс Јунајтед

Алиоски се сели на Островот – се договори со Лидс Јунајтед

Швајцарските и англиските медиуми тврдат дека македонскиот интернационалец Езџан Алиоски е пред траснфер во Лидс Јунајтед.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Алиоски имаше одлична сезона во Лугано, со 16 гола и 14 асистенции на 34 натпревари и го привлече вниманеито на многу екипи од Германија, Англија и од Италија.

Иако сеуште нема потврда и детали од трансферот, швајцарските медиуми тврдат дека 25-годишниот македонски репрезентативец ги договорил личните услови со англискиот клуб и дека трансферот е пред реализација.

Алиоски потекнува од фудбалската школа на Јанг Бојс потоа во 2013 година премина во Шафхаузен за кој настапуваше до 2016 година и на крај направи трансфер во фудбалскиот клуб Лугано.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак фудбал

Проверете

Шкендија: Доколку ФФМ не ја промени одлуката, го напуштаме фудбалот во Македонија

Поранешниот македонски шампион Шкендија реагираше по казната од Фудбалската федерација на …