Искусниот аргентински стратег Марсело Биелса ќе биде нов тренер на Лидс, потврди денес англискиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
„Лудакот“ веќе подолго време се поврзуваше со кормилото на Лидс, а денес и официјално потпиша двегодишен договор со славниот англиски клуб.
Со оваа менаџерска смена Лидс и петта сезона во низа во Чемпионшип ќе стартува со нов менаџер, а Алиоски ќе има шанса да работи со врвен стратег.
Биелса своевремено беше селектор на Аргентина, потоа ја водеше и селекцијата на Чиле, а минатата сезона ја почна во Лил, каде доби отказ по недоразбирањето со управата на клубот.