Дома Трансфер зона Алегри тврди: Паредес не ни е потребен

Алегри тврди: Паредес не ни е потребен

Иако во медиумите на големо се поврзува со Јувентус, Масимилијано Алегри порача дека Леандро Паредес од ПСЖ во овој момент не е потребен на неговиот тим.

Јувентус вчера ја одигра својот традиционален предсезонски натпревар против младиот тим и победи 2:0 со головите на Мануел Локатели и Леонардо Бонучи. Алегри по натпреварот разговараше со новинарите на „Скај Спорт Италија“ кои ги интересираше ситуацијата околу Паредес.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Ги имаме Локатели, Ровела…Многу квалитетен играчи, среќен сум со нив“, кратко порача Алегри.

Меѓутоа многумина сметаат дека ова е само параван изјава затоа што Јувентус работи на тоа да го продаде Артур, па потоа да го доведе Паредес. Артур откако не успеа да се договори со Арсенал сега се поврзува со шпанска Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Позната главната трансфер цел на Јувентус

Италијанскиот гигант Јувентус покажува силен интерес за Мејсон Гринвуд кој оваа сезон…