Според зборовите на тренерот на Јувентус обвинувањата за силување, не влијаат на Кристиано Роналдо.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Тренерот на фудбалерите на Јувентус, Масимилијано Алегри денес изјави дека Кристиано Роналдо е спремен да се да игра против Удинезе и покрај обвинувањата за силување од Кетрин Мајорга.
„Роналдо е добро и спремен е да се врати во акција…Се наоѓа во деликатен момент, но тој има „голем грб“. Гледам дека на тренинзите е целосно мирен“, изјави Алегри.
Јувентус во сабота го игра натпреварот од осмото коло во Серија А против тимот на Удинезе, досега „бјанконерите“ имат максимален учинок.
Треба да се истакне дека поради обвинувањата кон Роналдо утрово Јувентус претрпе пад на акциите на берзата.