Дома Фудбал Алегри доби добри вести пред натпреварот против ПСЖ

Алегри доби добри вести пред натпреварот против ПСЖ

Јувентус утре го очекува натпревар во Лигата на шампионите против ПСЖ, а тренерот Масимилијано Алегри доби добри вести пред овој натпревар.

Анхел Ди Марија и Адриен Рабио работеа заедно со остатокот од тимот и ќе бидат спремни за дербито во Париз. Пол Погба не се враќа на терените и уште ќе почека, но добро е што Французинот веќе два дена тренира.

Според информациите од италијанските новинари Погба тренирал одвено од групата и веќе почнал да работи со топка.

Ќе потсетиме, Погба одби да прави операција и неговата повреда на менискусот се третира на конзервативен начин. Засега неговото точно враќање на терените не е утврдено, меѓутоа започнувањето со тренинзи секако е добар знак.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Скап удар за Баерн: Саибари опериран, враќањето се очекува дури во 2027 година

Мароканскиот офанзивец ќе паузира три до четири месеци по повредата во дербито со Дортмунд…