Дома Фудбал Италија Алегри ги испрати фудбалерите на Јувентус на одмор

Алегри ги испрати фудбалерите на Јувентус на одмор

Интересна одлука донесе тренерот на Јувентус, Макс Алегри.

Откако Јуве веќе ја осигура титулата во Италија, Алегри одлучи на фудбалерите на својот тим после натпреварот со Торино да им даде слободни денови.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Така, ѕвездите на торинскиот клуб во наредните четири дена нема да тренира. Дел од играчите добија слободни денови за одмор и што посвежи да го дочекаат самиот финиш на крајот од сезоната.

Пред се, тоа се натпреварите против Рома и Аталанта. И двата тима се борат за ЛШ и се очекува Бјанконерите во овие натпревари да не играат со сите сили.

Тоа со сигурност нема да им се допадне на останатите екипи кои се борат за пласман во ЛШ. Борба за четвртото место водат дури пет екипи, а фактот што некои играчи на Јувентус ќе одмараат, нема да им се допадне на останатите екипи.

Торино, Милан, Лацио, но и Интер, нема добро да ја прифатат оваа одлука. Тие се надеваат дека до крајот Јуве ќе игра максимално сериозно против нивните конкуренти и нема да има причина за негодувања.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Чави добил понуда од клуб од Премиер лигата?

Чави Ернандез ја напушти Барселона, но многу брзо може да добие нов ангажман. Неколку шпан…