Дома Фудбал Останато Алвеш ја откри причината поради која го напушти Јуве!

Алвеш ја откри причината поради која го напушти Јуве!

Дани Алвеш во текот на вчерашниот ден и официјално стана член на францускиот клуб, ПСЖ, а денес ја откри причината поради која го напуштил италијанскиот гигант.

Додека Бразилецот престојуваше во Јувентус изгледаше дека се е во ред помеѓу двете страни, но Алвеш откри дека имало несогласувања помеѓу него и управата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Потребно беше некое време да воспоставиме баланс помеѓу она што јас го мислев и со тоа што тие го мислеа, а кога го пронајдовме тој баланс, резултатите беа забележителни. Она што јас можев да им го донесам е одлична атмосфера во соблекувалната“, изјави Алвеш.

Но, од каде тогаш проблеми?

„Во соблекувалната не ни беше дозовлено да пуштаме музика, а јас без музика и танц не можам да живеам. Јас не сум луд да ги менувам правилата ,секој има свој начин преку кој енергијата им ја пренесува на другите. Сакам позитивна и колегијална атмосфера. Се сомневав дека можеме да постигнеме такво нешто, но полека работите одеа на подобро и имавме добар втор дел од сезоната. Јас сум спонтана личност, но никогаш не се обидувам да повредам некого или да му пречам“- открива Алвеш кој потоа зборуваше за одлуката да го избере ПСЖ пред Манчестер Сити.

„Разговарав со Гвардиола, му ги објаснив моите причини. Многу поминавме заедно и имам големо почитување, но на крајот сам ја донесов одлуката. Не дојдов туку поради една причини, туку поради повеќе, пред се тука е спектакуларниот проект. Неколку денови во низа добивав повици од луѓето во клубот, ми го објаснија нивниот проект и амбициите, на крајот успеаа да ме убедат“, заврши Бразилецот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ѕвездата од 45 милиони евра го пропушта Европското првенство?

Во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите помеѓу Борусија Дортмунд и ПСЖ (1:…