Дома Трансфер зона Алвеш си оди од Јувентус – Повторно ќе соработува со поранешниот менаџер?

Алвеш си оди од Јувентус – Повторно ќе соработува со поранешниот менаџер?

Иако минатото лето пристигна во Јувентус, Дани Алвеш по една сезона би можел да го промени клубот.

Јувентус вечерва го игра најважниот натпревар оваа сезона, бидејќи играчите на „Старата дама“ во финалето од ЛШ силите ќе ги одмерат против актуелниот шампион на Европа, Реал Мадрид. Иако Дани Алвеш минатото лето пристигна во Јуве од Барселона, по една сезона би можел да ја промени средината.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Англиските медиуми пред неколку дена објавија дека за овој играч се заинтересирани Челзи и Тотенхем, а сега во борба за потписот на Бразилецот се вклучи и Манчестер Сити. Наводно, Пеп Гвардиола сака повторно да се соработува со бразилскиот играч кој во летото 2008. година го доведе во Барселона од Севиља.

Алвеш веќе е во години кога треба да почне да размислува за пензија и сигурно дека сака да има што повеќе предизвици до моментот кога ќе одлучи да се пензионира. Заминувањето во Премиер лигата сигурно е еден од нив и не би било изненадување доколку следната сезона го видиме во дресот на некој од англиските клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Интер почна преговори со дефанзивецот на Реал

Дефанзивецот на Реал Мадрид, Начо на лето како слободен агент ќе го напушти клубот, а неко…