Дома Фудбал Алвес ги помина медицинските прегледи, ќе игра за најмала плата во тимот

Алвес ги помина медицинските прегледи, ќе игра за најмала плата во тимот

Попладнево Дани Алвес ги помина медицинските прегледи и доби зелено светло да го реализира трансферот во Барселона.

За да го потпише договор со Барселона Бразилецот се согласил на неверојатни услови и ќе има убедливо најмала плата во првиот тим, помала и од играчите кои имаат младински статус. Каталонскиот „Спорт“ објави дека Алвес прифатил договор на шест месеци, а според информациите сумата не надминува повеќе од 500.000 евра.

Се наведува дека Алвес веднаш во преговорите ја ставил својата плата во втор план и му истакнал на Лапорта дека сака да игра под било кои услови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Чурлинов повторно достапен за Македонија пред завршните два дуела во Лигата Б

Дарко Чурлинов ги реши проблемите со престојот во Полска и ќе може да се приклучи на репре…