Напаѓачот на Реал Мадрид, Алваро Мората добил понуда од Италија.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Екипата на Милан, која најавува големи работи во следната сезона, подготвила понуда за Мората и следната сезона сака да го види во своите редови. Мората е многу незадоволен со фактот дека е втор напаѓач на Реал Мадрид, по Карим Бензема, па најави заминување од „кралскиот“ клуб.
Интерес за 24-годишниот напаѓач покажуваат тимовите од Премиер лигата. Мората се споменуваше како потенцијално засилување на Челзи, но во игра за неговиот потпис се вклучил и Милан.
„Росонерите“ создаваат нов тим и најавени се големи инвестиции. Мората би можел да биде едно од новите лица во соблекувалната на „Сан Сиро“, а преговорите се најавени по финалето во ЛШ.
Со евентуален потпис за Милан, Мората би се вратил во Серија А, каде што две сезони играше за Јувентус.