Дома Трансфер зона Алаба има интересен услов за заинтересираните клубови

Алаба има интересен услов за заинтересираните клубови

Австрискиот репрезентативец, Давид Алаба потврди дека на лето ќе го напушти Баерн Минхен како слободен агент.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Сега медиумите откриваат дека Алаба има посебен услов за заинтересираните клубови кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.

Имено, Алаба сака клубот да му гарантира дека ќе игра во средниот ред, што е негова природна позиција на теренот.

Најголеми фаворити за неговиот потпис важат ПСЖ и Реал Мадрид, а и двата клуба го сакаат Алаба како дефанзивец.

Австриецот е поливалентен фудбалер и може да игра на повеќе позиции на теренот. Оваа сезона во Баерн игра како централен дефанзивец и на 31 меч постигна 2 гола и 2 асистенции.

Алаба може да игра уште и како лев бек, но тој преферира да игра како играч за врска.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…