Дома Фудбал Лига на шампиони Ал Келаифи: Не можам да разберам како Супербоул е поголем настан од финале во ЛШ

Ал Келаифи: Не можам да разберам како Супербоул е поголем настан од финале во ЛШ

Насер Ал Келаифи долго време е на чело на ПСЖ во повеќе од 10 години потроши повеќе од милијарда евра, но изостана најголемата цел – титула во Лигата на шампионите.

Во овој момент освен што е претседател на ПСЖ тој е и претседател на Европската клупска асоцијација, позиција на која дојде откако поради активностите во Суперлигата Андреа Ањели мораше да си замине од УЕФА.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Според Калеифи потребни се реформи во најелитното европско натпреварување, затоа што не може да сфати како американскиот Супербоул е поголем настан од финалето во Лигата на шампионите.

„Не можам да сфатам како Супербоул изгледа поголемо од финалето во Лигата на шампионите. Американците и водечките луѓе на американскиот фудбал имаат креативен дух и дух подготвен за забава. Треба да направиме такво нешто и од финалето во Лигата на шампионите“, изјави Келаифи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…