Дома Фудбал Останато Акција на Зенит: Кој ќе купи билет добива бесплатна вакцина

Акција на Зенит: Кој ќе купи билет добива бесплатна вакцина

Русија е една од малкуте земји во светот кои имаат дозволно присуство на фудбалските терени, тоа е така затоа што земјата има висок степен на имунизација од коронавирусот.

Сега и руски Зенит влезе во една креативна акција – купи билет и добиј бесплатна вакцина. Санкт Петерзбург е еден од градовите кој ќе биде домаќин на Европското првенство кое ќе се игра во Европа. Сега секој кој ќе купи билет почнувајќи од мечот со Ахмат Грозни ќе има можност бесплатно да се вакцинира со руската вакцина „Спутник V“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Навивачите треба со нив само да земат документ за идентификација, пасош или лична карта и за 15. минути ќе им биде направен преглед после што веднаш ќе бидат вакцинирани.

Со цел што повеќе луѓе да се вакцинираат стадионот ќе се отвори да часа порано пред почетокот на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…