Како што пренесува „Mundo Deportivo“, репрезентативецот на Бразил и фудбалер на Челзи, Вилијан изразил желба да се пресели во Барселона.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот има договор со Челзи до 2020. година, но клубот од Лондон е подговен да го пушти за обешетување од 80 милиони евра, пишува весникот кој е многу добро информиран за настапните на „Камп Ноу“.
Одличниот фудбалер во моментов се наоѓа на Мундијалот во Русија, каде што со Бразил избори пласман во четвртфиналето и дуел со Белгија.
Вилијан пред Челзи настапуваше за Коринтијанс, Шахтјор и Анжи. Доколку се пресели во Барселона, во новиот клуб ќе го пречекаат соиграчите од националниот тим, Кутињо и Паулињо.