Дома Фудбал Лига на шампиони „Ако мислевте дека ќе дојдеме во Мадрид и ќе победиме 6:0, тоа е ваш проблем“

„Ако мислевте дека ќе дојдеме во Мадрид и ќе победиме 6:0, тоа е ваш проблем“

Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола даде интересен коментар на прашањето на новинар на „Беин Спорт“ кој очигледно го сметал Манчестер Сити за голем фаворит на гостински терен во Мадрид.

Реал Мадрид не блеска во Ла Лига, додека Манчестер Сити во последно време изгледа навистина моќно во Премиер лигата каде што има големи шанси да ја освои титулата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Сепак, вчера на „Бернабеу“, Сити не само што беше далеку од тоа да доминира на теренот, туку Реал беше и подобриот тим.

„Се очекуваше Сити да го прегази Реал поради формата, што би кажале за натпреварот?“, запраша новинарот на „Беин Спортс“.

„Кој очекуваше такво нешто? Знаете ли против кого играме? Знаете ли колку титули имаат тие во ЛШ? Ако сте очекувале да дојдеме тука и да победиме 6:0 тоа е ваш проблем, јас такво нешто никогаш не помислив“, одговори Гвардиола.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Видете го „лудото“ славје на „Граѓаните“🎥

Манчестер Сити ја освои титулата во Премиерлигата, која беше четврта по ред. Гвардиола ста…