Дома Фудбал Англија Азар: Не ме интересираат коментарите на Сари, јас сум лидер!

Азар: Не ме интересираат коментарите на Сари, јас сум лидер!

Белгискиот репрезентативец и прва ѕвезда на Челзи, Еден Азар после вчерашниот натпревар против Тотенхем му одговори на тренерот Маурицио Сари.

Италијанскиот тренер изјави дека Азар е фантастичен фудбалер, но дека е индивидуален и не е лидер.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


„Да бидам искрен не ме интересира што кажал тренерот. Јас едноставно го играм својот фудбал, фокусиран сум на тимот и го давам најдоброто од себе“, истакна Азар.

„Секогаш сум тврдел дека на теренот сум лидер. Мислам дека сум лидер на овој тим“, заклучи Белгиецот.

Челзи синоќа го порази Тотенхем и се пласираше во финалето на Лига Купот, а Азар беше избран за играч на натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Засега никој од Реал Мадрид не го контактирал Мурињо, тврдат во Шпанија

Во последниве денови, името на Жозе Мурињо повторно стана актуелно како можен тренер на Ре…