Дома Фудбал Азар веќе руши рекорди во Реал Мадрид

Азар веќе руши рекорди во Реал Мадрид

Најголемото засилување на Реал Мадрид, Еден Азар не ја започна најдобро сезоната, но неговите партии во белиот дрес се се подобри.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Белгиецот одигра одличен меч против Реал Сосиедад при победата со 3:1, а тоа го покажува и статистиката. Според OptaJose бившиот играч на Челзи имал 10 успешни дриблинзи (од 12 обиди) против Сосиедад.

На никого тоа не му успеало во дресот на Реал уште од 2009 година наваму. Последно Арјен Робен може да се пофали со десет дриблинзи во „кралскиот“ дрес. Само за споредба, Роналдо никогаш не дошол до двоцифрен број на дриблинзи во меч од Примера.

Претходно против Леганес и Еибар Азар стигна до бројката од 7 успешни дриблинзи и покажа дека влегува во одлична форма.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Еквадор оствари голем успех против Германија и ја помина групата

Еквадор ја победи Германија со 2:1 во натпревар од последното коло во групата „Е“ и се пла…