Дома Фудбал Адеми: Кога Орсиќ има свој ден на противникот му нема спас, гиневме на терен!

Адеми: Кога Орсиќ има свој ден на противникот му нема спас, гиневме на терен!

Aрјан Адеми и Стефан Ристовски вечерва со Динамо приредија сензација и после поразот од 2:0 во првиот натпревар, вечерва стигнаа до продолженија и го елиминираа англискиот гигант.

Стефан Ристовски на теренот беше до финишот од регуларниот дел, додека Адеми играше до 118. минута. Адеми кој е и капитен на Динамо истакна дека тој и неговиот соиграчи го оставиле и последниот атом на теренот за да стигнат до овој резултат.

„Одигравме одличен натпревар. Ние во клубот во вакво нешто верувавме уште во првиот натпревар. Динамо е тим кој може да направи големи работи, ќе видиме што носи иднината. Во второто полувреме ни недостасуваше малку среќа, а Орсиќ беше маестрален, кога има свој ден на противникот му нема спас. Не фаќаа грчеви на терен, изморени бевме, едноставно гиневме за дресот и на крајот бевме наградени. Фокусот сега е на ХНЛ каде што не чека натпревар против Горица“, порача Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Конфликтите го поместија Азискиот куп: турнирот ќе се игра на крајот на 2027 година

Саудиска Арабија ќе го организира Азискиот куп од 23 декември 2027 до 21 јануари 2028 годи…