Дома Фудбал Останато Агуеро, Игуаин и Отаменди се приклучија во повикот да продолжи потргата по Сала

Агуеро, Игуаин и Отаменди се приклучија во повикот да продолжи потргата по Сала

Аргентинските ѕвезди од Премиер лигата, Серхио Агуеро, Гонзало Игуаин и Николас Отаменди, се вклучија во повикот да биде обновена потрагата по исчезнатиот фудбалер Емилиано Сала.

Вчера полицијата објави дека ја прекинуваат операцијата за потрага на исчезнаиот авион во кој беше фудбалерот Емилиано Сала.

Тоа веднаш предизвика реакции. Бившиот клуб на Сала, Нант ја повика полицијата да ја продолжи потрагата додека да биде откриен фудбалерот. За неколку часа над 35.000 луѓе онлајн ја поддршаа петицијата.

Отаменди и Игуаин се вклучија во акцијата и публикуваа видео на социјалните мрежи, а веднаш се вклучи и Серхио Агуеро.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Историска ноќ: Држава со помалку од 100.000 жители ќе има претставник во Конференциската лига

Историска ноќ за андорскиот фудбал се случи во четвртокот, кога Интер Ескалдес го обезбеди…