Дома Трансфер зона Агуеро во недела го комплетира трансферот во Барселона

Агуеро во недела го комплетира трансферот во Барселона

Веќе е јасно дека Серхио Агуеро наредната сезона ќе го гледаме во дресот на Барселона.

Агуеро се сели во каталонскиот гигант како слободен играч откако му заврши договорот со Манчестер Сити и истиот нема да биде продолжен.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Познатиот новинар Фабрицио Романо објави дека се е завршено и дека Агуеро ќе потпише со Барселона тогаш и кога претходно се најавуваше, по завршувањето на утрешното финале во кое Манчестер Сити ќе игра против Челзи.

Аргентинецот ќе биде првото официјално засилување за Барселона ова лето и само почеток на реконструкцијата која ја најави Лапорта кога се врати на чело на клубот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал се вклучи во трката за Бруно Гимараеш

Реал Мадрид се вкучи во трката за потписот на плејмејкерот на Њукасл, Бруно Гимараеш. 26-г…