Не е никакво изненадување дека образованието на фудбалерите не им е силна страна.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Голем број од најдобрите фудбалери на денешницата во текот на основното и средното образование повеќе внимание посветувале на топката отколку на книгата. Училиштето не го сакал ниту Серхио Агуеро, еден од најдобрите напаѓачи во светот.
„Во школо ме мрзеше да учам. Што ми е гајле како се распоредени планетите, зошто да ме интересира тоа кога никогаш нема да одам таму“, изјави Аргентинецот.
Дали ваквото размислување на Агуеро е правилно проценете сами, но сигурно дека Аргентинецот ќе биде критикуван.