Договорот на Јаја Туре со Манчестер Сити истекува на крајот на сезоната и најверојатно Африканецот ќе го напушти „Етихад“, но неговиот агент категорично ја исклучи опцијата Кина.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Иако во последно време Јаја Туре игра добро под водство на Гвардиола, сепак клубот сеуште не му предложил нов договор, па големи се шансите тој на крајот на сезоната да замине како слободен играч.
„Сеуште нема никакви сигнали за продолжување на договорот. Ќе видиме каква ќе биде ситуацијата после 30-45 дена“, изјави агентот на Туре.
„Во секој случај сигурно е дека нема да оди во Кина. Име пред себе уште 4-5 години играње на високо ниво и сигурно ќе игра во некој европски шампионат. Италија е можна дестинација“,додаде Димитри Селук.