Шпекулациите дека Мохамед Салах бил предложен на Барселона како алтернатива на Антоан Гризман беа категорично демантирани од агентот на играчот – Рами Абас Иса.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Вчера шпански „AS“ излезе со информација од свои извори, според кои претставници на ѕвездата на Ливерпул се сретнале со официјални лица од „Камп Ноу“ и спровеле разговор за евентуален трансфер на Салах, кој бил подготвен да премине во Барселона. (види ОВДЕ).
Меѓутоа, неговиот агент Рами Абас Иса денес категорично демантираше преку Твитер: „Тоа никогаш не се случило. „АС“ имате потреба од подобри извори“.
This never happened. @English_AS you need better sources. https://t.co/Y4OpwkoNYV
— Ramy Abbas Issa (@RamyCol) June 6, 2018