Дома Фудбал Англија Агентот на Ван де Бек: Недозволиво е да биде резерва во ваков Јунајтед

Агентот на Ван де Бек: Недозволиво е да биде резерва во ваков Јунајтед

Менаџерот на фудбалерот на Манчестер Јунајтед Дони ван де Бек, жестоко реагираше бидејќи неговиот клиент беше резерва на мечот со Брајтон.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холанѓанецот пристигна како големо засилување на „Олд Трафорд“, но беше на клупата за резерви на мечот кој Јунајтед го доби со пенал во последната минута.

„Тој да биде резерва? Тоа не ми се допаѓа. Искрено не би го трпел тоа да сум на неговото место. Да влегувам во игра на четири минути до крајот на мечот? Нема шанси“, изјави Сварт.

Од доаѓањето во Јунајтед Ван де Бек одигра само 23 минути во Премиер лигата.

„Иако малку беше на теренот успеа да направи три добри работи, што е многу повеќе од повеќето играчи во тимот. Извлече пенал кој ѝ претходеше на победата. Во нормални околности Брајтон требаше да го прегази тој Јунајтед со 7:1. Манчестер Јунајтед имаат добар тим но такви работе не треба да им се случуваат“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Сјајни вести за Арсенал и огромно олеснување за Артета: Важен играч се враќа на теренот за финалето на Лигата на шампиони!

Тренерот на Арсенал, Микел Артета, потврди дека холандскиот дефанзивец Јуријен Тимбер е по…