
Манчестер Јунајтед вечерва го победи Челси со 1:0 на „Стамфорд Бриџ“ и направи голем чекор кон Лигата на шампионите. Трагичар на Челси е Алехандро Гарначо, поранешен играч на Јунајтед, кој изгледаше очајно, а на крајот неговите поранешни колеги го понижија дополнително. Истото го направи и Рој Кин.
Алехандро Гарначо и вечерва беше прогласен за главниот виновник за поразот на Челси. Влезе во игра во 16. минута, и успеа да ги изнервира своите навивачи.
Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст
Аргентинецот е под голем притисок на Стамфорд Бриџ. Никако не му оди, а вечерва му се смеат и навивачите на Манчестер Јунајтед од кој замина во Челси да игра во Лигата на шампионите.
Картите се измешаа, па Челси, по се изгледа, ќе го пропушти настапот во елитата по четири врзани порази, а Јунајтед трча кон Лигата на шампионите.
🚨🎥 Тој го напушти Манчестер Јунајтед барајќи фудбал на ниво на Лигата на шампионите, верувајќи дека е подготвен за тоа ниво…
— Манчестер Јунајтед Засекогаш (@UtdForever7) 18 април 2026
Вечерва, Јунајтед можеби само ги намали шансите за него и неговиот тим да дојдат таму следната сезона.
Ниту еден играч на Јунајтед не му ја подаде раката на крајот. Студено. 🥶 pic.twitter.com/zujofPArK7