Дома Фудбал Ѕвезда на Барселона доби неограничено отсуство: Не се знае кога ќе се врати во тимот

Ѕвезда на Барселона доби неограничено отсуство: Не се знае кога ќе се врати во тимот

Капитенот на Бaрселона Роналд Араухо (26) доби дозвола од клубот за неограничено отсуство откако неговите претставници во понеделникот одржаа состанок со спортскиот директор Деко. Уругвајскиот дефанзивец не беше во составот за саботната победа во шампионатот со 3:1 против Алавес на Камп Ноу, а сега е потврдено дека привремено ќе го напушти тимот.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Барањето на Араухо следеше по тежок недела каде што доби црвен картон во поразот од Челси со 3:0 во Лигата на шампиони. Според пишувањето на „Атлетик“, спортскиот директор Деко ја одобри желбата на 26-годишникот за пауза, а клубот е подготвен да му даде потребното време за опоравување.

Шпанските медиуми наведуваат дека Араухо смета дека моментално не може да го пружи својот максимум и се плашеше дека ако се присилува да игра, би можело да му наштети на тимот.

Тренерот Ханси Флик не сакаше да влегува во детали пред утрешниот дерби со Атлетико Мадрид. “Тоа е приватна ситуација, не сакам да кажам повеќе. Ве молам, ако можете тоа да го почитувате, би бил благодарен”, накратко порача тренерот на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Ваква прослава не сте виделе:Фудбалер извади нешто неочекувано и го покажа кон камерата (Видео)

Фудбалерите на Интер од Торонто синоќа на свој терен убедливо го победија Атлетико од Отав…