
Новото засилување на Милан, Жоао Феликс, беше официјално претставен како играч на „росонерите“ дури денес, иако веќе одигра два натпревара за клубот и дури постигна гол во својот деби натпревар во Купот на Италија против Рома за победата од 3:1.
„Се приклучив на Милан на позајмица, но ако има можност да останам и по оваа сезона, би бил среќен. Ова е врвен европски клуб, веќе сум вљубен во сè тука. Интер исто така покажуваше интерес, но за мене беше невозможно… бидејќи јас сакав во Милан.“
Совети од нутриционист: Вистината за исхраната! Што е најдобро за вашето здравје? ↓↓↓
Оваа недела беше фантастична со две победи и постигнат гол на „Сан Сиро“. Кога ќе стигнеш во Милан, сфаќаш зошто тоа е еден од најголемите клубови во Европа. Споредби со Кака? Тој е мојот омилен играч на сите времиња. Никогаш не сум разговарал со него кога дојдов тука, но сум зборувал со него претходно. Тој е идол, не можам да се споредувам со него, но би сакал да можам да го повторам тоа што тој го направи во Милан“, рече Португалецот.