Дома Моторспорт Жан Тод: Шумахер е подобар, заедно ги гледаме трките во Формула 1

Жан Тод: Шумахер е подобар, заедно ги гледаме трките во Формула 1

Животот на Михаел Шумахер радикално се промени откако доживеа несреќа во декември 2013. година при скијање во Франција.

Легендарниот возач на Формула 1 заработи повреда на главата и се уште не е доволно опоравен, а семејството во тајност ги држи сите информации за неговата здравствена состојба.

Жан Тод, претседателот на ФИФА и поранешен шеф во Ферари за Радио Монтекарло зборуваше за здравствената состојба на поранешниот светски првак.

Тод ги охрабри сите фанови на Шуми, но и љубителите на мотоспортот кажувајќи дека 50-годишниот Германец постепено се опоравува.

„Секогаш сум внимателен кога се во прашање вакви изјави, но вистина е дека неговото здравје е подобрено. Со Михаел заедно ги гледаме трките во неговиот дом во Швајцарија.“ – изјави Тод.

„Тој не се откажува, продолжува да се бори. јасно е дека нашето пријателство не може да биде како некогаш од причина што комуникацијата не е иста како претходно. Но продолжува да се бори.“ – додаде Тод.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Моторспорт

Проверете

Херта не сака уште една сезона во Ф2, но за Инди 500 нема дилема

Иднината на Колтон Херта за 2027 година останува отворена. Американецот не планира нова се…