Пауло Фонсека наскоро би можел да го напушти тренерското место на Милан. Златан Ибрахимовиќ наводно одлучил да му врачи отказ на Португалецот и на негово место да го именува Масимилјано Алегри.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
57-годишникот е без работа од мај оваа година кога доби отказ од Јувентус. Не успеа да ја врати „Старата дама“ на победничката патека за три години и беше отпуштен.
Сега би можел да дојде како спасител на „росонерите“. Тоа би му било враќање во клубот по нешто повеќе од 10 години.
Алегри го водеше Милан од 2010 до 2014 година и му ја донесе првата титула по седум години. Меѓутоа, се одлучи за заминување во Јувентус, што навивачите не му го простија.
Алегри пет години доминираше со „Бјанконерите“. Освои сè во Италија, но му недостасуваше успех на европската сцена. Разделбата се случи во 2019 година, а две години подоцна повторно се врати, но не можеше да направи ништо и да го извлече гигантот од проблемите.