Дома Фудбал „Земјотрес“ во Лондон: Ѕвезда на Челси паднала на допинг и ја чека суспензија!?

„Земјотрес“ во Лондон: Ѕвезда на Челси паднала на допинг и ја чека суспензија!?

Украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик не беше во составот на Челси од почетокот на овој месец и се зборуваше дека има проблеми со грип, но сега се појавија шокантни информации кога е во прашање судбината на овој фудбалер.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Во англиските медиуми кружеше информација дека Мудрик добил незгоден грип поради кој не тренира со екипата веќе две недели, но зашто тоа траеше подолго од очекуваното, стана јасно дека нешто не е во ред.

Дека ситуацијата е многу посериозна се покажа синоќа кога во јавноста се појави информацијата за вистинската причина поради која Мудрик веќе некое време го нема во составот на клубот од „Стемфорд Бриџ“.

Медиумите објавија дека Мудрик паднал на тестирање за допинг кое се вршеше крајот на октомври оваа година.

Сѐ уште не е откриено која недозволена супстанција ја користел Мудрик, а моментално се чека на резултатот од новото тестирање и ако и на него резултатот биде ист како претходниот, јасно е дека Украинецот го очекува сурова казна.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Како Бруно ги одби саудиските милиони и остана во Јунајтед

Капитенот на Манчестер Јунајтед, Бруно Фернандеш, откри повеќе за својата одлука да остане…