Дома Останати Кошарка „Земјотрес“ во Евролигата: Светскиот шампион ја напушти НБА и се врати во Европа

„Земјотрес“ во Евролигата: Светскиот шампион ја напушти НБА и се врати во Европа

Кошаркарскиот репрезентативец на Германија, актуелниот светски шампион, Даниел Тајс, потпиша за Монако, како што објави Евролигата.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Тајс (32) се врати во Евролигата по сезоната 2016/17 кога настапуваше за германскиот Бамберг. Во меѓувреме настапуваше во НБА лигата за бројни екипи.

Играл за Бостон Селтикс, како и Чикаго Булс, Хјустон Рокетс, Индијана Пејсерс, Лос Анџелес Клиперс и Њу Орлеанс Пеликанс.

Ќе биде значително засилување на центарската позиција за Монако, кој во таа линија на тимот ги има Донатас Мотијејунас, Јоргос Папајанис и Мама Жаите.

Монако е четвртопласираниот тим на табелата на Евролигата со 16 победи и 10 порази.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Дивац не можеше повеќе да молчи: Еве зошто не го избрав Дончиќ

Со години американските и европските медиуми зборуваат за катастрофалниот потег на Владе Д…